четврток, декември 26, 2024
домаЖивотФилипче најави одлука за (не)отворање на градинките во четврток?!

Филипче најави одлука за (не)отворање на градинките во четврток?!

Министерот Венко Филипче на денешната прес коференција на новинарското прашање од ТЕХТ.МК дали има конечно решение за градинките рече дека Комисијата за заразни болести, претставници на МТСП, како и претставници на државните и приватните градинки имаат интензивни состаноци и дека очекува конечно решение да има во четврток.

– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести. Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат со работа градинките.

Но, не одговори што со родителите кои се на продолжено породилно отсустви. Имено, Филипче посочи дека сите одлуки се носат координирано, што значи дека ако некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство. Што тоа значи не е баш јасно, особено што во нашата редакција се јауваат корисници на продолжено породилно отсуство, кои не информираа дека од Фондот за здравствено осигурување им било кажано дека породилното им е укинато.

Тие едногласно прашуваат како може да им биде укинато породилното отсуство кога градинките се уште не се отворени, а  и кога ќе се отворат ќе има место само за 30-40 отсто од бројот на деца кои досега посетуваа градинка?

Од друга страна родителите прашуваат колку градинките се подготвени и има услови за нивно отворање кога постојано се потенцира дека оваа есен не очекува нов удар на корона вирусот. Само колку за илустрација во Србија само 15 отсто од родителите ги вратиле децата во градинка, а во Бугарија тој процент е дури и помал. Црна Гора одлучи до 1 Октомври да не ги отвора ни градинките, ни училиштата, а до тогаш, еден од родителите на деца под 11-годишна возраст ќе има право на платен одмор за да се грижи за децата. И Грција и Албанија се со сличен ставв кој треба да го донесат деновиве.

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ