четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Петмина новозаболени, двајца дијагностицирани ќе се тестираат повторно, се затвораат сите...

Филипче: Петмина новозаболени, двајца дијагностицирани ќе се тестираат повторно, се затвораат сите граници

Министерот Филипче на вечерашната прес конференција соопшти дека е потврдено дека 5 нови лица се позитивни на коронавирусот и дека двајца дијагностицирани во приватна лабораторија дополнително утре ќе треба да се потврдат во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

Од петмината дијагностицирани, четворица се од Дебар каде се евиднетирани вкупно 16 заболени и ќе продолжат да се лечат во домашни услови.

Петтиот зболен е 54-годишна скопјанка која е заболена од корона вирус и веќе хоспитализирана, а пристигнала од Виена на 12 март. Таа патувала од Холандија и досега била во домашна изолација, а во домашна изолација се и другите 30 патници од тој авион и таксистот кој ја возел пациентката од скопскиот аеродром до дома, објасни министерот.

Филипче посочи дека на седницата на Владата како дополнителна мерка е донесена одлука да се затворат сите гранични премини за влез на странски државјани, патници и возила освен за товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица со посебна дозвола. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни, воено-медицински и празни летови по истекот на 48 часа од влегувањето на сила на оваа одлука.

Филипче во дополнителни мерки посочи дека хроничната терапија ќе може да ја препишува и матичен лекар, издаање и заверка на ортопедски помагала ќе ја вршат матичните лекари.

На прес конференцијата се обрати и министерот за надорешни работи Никола Димитров со апел до нашите граѓани кои се наоѓаат во трети држави и имаат регулиран престој да не патуваат дома. Тој апелот го упати со објаснување дека многу тешко е да се регулира враќањето на македонски граѓани кои се заглавени на граници со трети држави, а  државите секојдневно носат одлуки за затварање граници за странски државјани и укинување летови, а има индиции дека и европската унија во рамки на шенген зоната ќе затвори пристап за странски државјани. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ