Само седум нови заразени лица во измианатото деноноќие со корона вирусот во земјата, со што вкупната бројка досега изнесува 1.231 заболен, и олеснување на рестриктивните мерки, најави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека сите ограничувања дадоа резултати, и оти препораките се мерките да останат на сила се додека не сме сигурни дека сме го поминале пикот, со благо намалување на мерките на движење, но подигање на мерките на лична заштита. Овие предлог мерки на Кризниот штаб ќе бидат дискутирани утре на седница на Владата и нема да се остави простор за некаков ризик.
– Предложено е полицискиот час да почнува од 19 наместо од 16 часот, согласно тоа за возрасните граѓани движењето да биде од 8 до 12 часот, за младите да биде од 13 до 16 часот, а за полицискиот час да почне од сабота во 13 часот се до понеделник до 5 часот. Забраната за групирање останува, а се воведува задолжително носење на заштитна опрема – маски и ракавици во затворени објекти со повеќе лица, маркети, пошти, пазари… а на отворено да се држи дистанца од 2 метри. Ова е исклучително важно дека физичка дистанца од 2 метри на отворено е задолжителна, а доколку не може тогаш се носи заштитна опрема – информираше Филипче.
Исклучок од носење заштитна опрема се прави само ако има заштита опрема за работа, при движење во двор, возење велосипед или спортување на отвореноили во возило во кое се лица од иста заедница или семејство, но ако се држи дистанца, при движење на јавни места или површини од отворен тип и со држење растојание од два метри. Под заштитна опрема се подразбира маска, шал или марама со која ќе го покриете лицето.
-Во Дебар се стигнати тестовите и се негативни, што значи дека сега во Дебар имаме само 2 пациенти на лекување во моментов. Во Центарот за јавно здравје во Велес е направена соодветна анкета и препишана им е самоизолација на лица, но направена е ротација на кадарот и сите одделение функционираат нормално. Денес има и епидемиолози од Скопје и ќе биде спроведен инспекциски надзор. Завршен е целосно увидот во маркетот во Велес, 15 вработени добија решенија за самоизолација – соопшти Филипче.
Нема информација дека позитивни пациенти оделе на работа во маркетот во Велес, соопшти Филипче, кој посочи и дека на Детската клиника за педијатрија нема нови случаи, до сега позитивни се 3 лекари. Претпоставен контакт е мајка на дете кое било донесено во Клиниката, таа е тестирана и е асимптоматска.
-По завршениот увид на Судска медицина за починатите мајка и син во Велес е констатирано дека смртта настапила од 3 до 5 недели од моментот на пронаоѓање, поточно на почетокот на март, па нема потреба за натамошни истражувања. Продолжува да се истражува што и како починале, што не е во наш домен, рече Филипче.
Во истражниот затвор во Шутка каде почина притвореник кај кого беше пронајден коронавирусот, се завршени се сите анализи.
„Таму сите тестови, околу педесетина се негативни, институцијата работи непречено“, рече Филипче, додавајќи дека уште не е познато како притвореникот се заразил.
Коментирајќи дека бројот на новозаболените се должи на намалените тестирања за време на празникот, Филипче објасни дека тоа е очекувано по преземените мерки и е разбирливо тој да се намали.
-Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови во празниците, не сакаме да правиме проста матекатика, но не сме се уште влезени во период кога пикот е достигнат. Стоиме на таа прогноза дека пикот треба да дојде на крај на април- почеток на мај, стоиме на тоа дека овие мерки ќе дадат резултат заедно со дополнителните мерки – посочи Филипче.
Оваа недела се очекува првиот број нарачани респиратори најави Филипче, додавајќи дека и во овој момент имаме доволен број респиратор.
На прашањата на ТЕХТ.МК дали има сознанија колку лица ја симнале апикацијата Стоп корона, министерот Филипче рече дека се уште нема точен број, знае дека се неколку илјади, но дека оваа аплиација со сигурност ќе биде одлична алатка која ке се користи за скенирање на граѓаните во понатамошниот период кога ќе има и проценка на имунитетот на граѓаните.
Во однос на водата како преносител на вирусот, Филипче смета дека е прва таква информација. Тој вели: „Точно е дека болеста има една лесна гастроинтестинална форма, но тешко е сега да се каже дали е поради водата или нечисти раце…Во однос на миењето сепак се користат дезифинциенци…Лично не верувам дека водата е преносител на вирусот, но сепак треба да се провери“. А.Р.