четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Позитивни 8 медицински лица и 2 пациенти, Заводот за рехабилитација се...

Филипче: Позитивни 8 медицински лица и 2 пациенти, Заводот за рехабилитација се затвора

Заводот за рехабилитација во Козле во следниот период нема да прима нови пациенти а штом завршат епидемиолошките анкети со вработените и преостанатите пациенти ќе биде затворен, бидејќи 8 медицински лица  и 2 пациенти се позитивни на тестовите за  Ковид-19, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска се тестирале уште 16 пациенти хоспитализирани во Заводот, додаде тој и посочи дека сите пациенти на кои ќе им биде потребен ваков третман ќе се упатуваат во болницата „8 Септември“.

-Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица. Утрово на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома – соопшти Филипче, и додаде дека осум нови пациенти се примени на Инфективна клиника каде хоспитализирани во моментов се 47 лица, три поради влошување на состојбата се приклучени на механичка вентилација, на возраст над 50 години.

-Во општата болница во Струга има почината пациентка која имала хронична рестираторна болест, бил направен обид за реанимација но бил неуспешен, а поради сличност со симптомите на корона постхумно е земен брис од кој се чекаат резултати, соопшти министерот Филипче.

На прашањето за протоколот при погребување кај починатите од КОВИД-19, тој посочи дека телото се предава целосно затворено на семејството.

Хирургот Горан Балевски е нов директор на Општата болница во Охрид, увидот заврши по случајот со пациентка од околината на Струга која не била примена на инфективното одделение, но ќе почекаме да финализира работата на ДСЗИ па да дадеме заклучок, иако првично има одредени пропусти, рече Филипче.

Сите матични лекари ги имаат добиено податоците за нивните матични пациенти кои се на домашно лекување – треба да го контактираат пациентот два пати дневно и да пратат изветај на клиника за инфективни болести, објасни тој.

-Со оглед на голем број граѓани кои е индицирано тестирање, од денеска работи уште еден пункт за тестирање, тоа е поликлиниката Чаир, а од среда и „Млин Балкан“,  а согласно податоците од матичните лекари и користењето „Мој термин“ за закажување –најави Филипче.

Тој додаде дека со вклучување на приватни лаборатории со договор со ФЗО ќе има значаен зголемен капацитет за тестираање и на располагаање се набавени 20.000 тестови како донација и уште 5.000 тестови од една приватна лабораторија.

Од денеска е отворена и Клиниката за кожни болести која не работеше три недели по случајот на разрешената директорка Нина Цаца Биљановска, која беше заразена со коронавирусот, а која е една од пациентите кои од Инфективна клиника беа денеска пуштени на домашно лекување. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ