вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Скок на новодијагностицирани, утре ќе се одлучува за полицискиот час викендов

Филипче: Скок на новодијагностицирани, утре ќе се одлучува за полицискиот час викендов

Има скок на бројот на новодијагностицирани во денешната статистика, потврдени се 33 новозаболени од коронавирусот, 22 оздравени и еден починат, па иако е можно да се работи за случајност, граѓаните треба да ги почитуваат мерките кои уште се на сила, посочи министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конеренција.

„Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти, а ова ќе го следиме. Ова се резултати од 1 ден и не можеме ништо да заклучиме од нив. Имавме слични сценарија со голем број на новозаразени, а некои денови значително мал. Ќе носиме заклучоци на што се должи оваа бројка и ќе ја известиме јавноста – извести министерот, посочувајчи дека засега остануваат на сила сите мерки.

Утре ќе се дискутира за тоа како ќе биде регулиран полицискиот час за време на викендот бидејќи се следи бројот на новозаразени што е критериум за олабавување на мерките, најави министерот Филипче.

„Претседателот Стево Пендаровски нема да присуствува на утрешниот состанок, но ќе биде вклучена Комисијата. Ќе зборуваме како ќе се одвива движењето на полицискиот час и се надеваме дека од утре пак ќе имаме помал број на случаи, а тоа е критериум за намалување на рестрикциите. Утре ќе дискутираме за полицискиот час, а во сабота за тоа што со понатамошниот тек на мерките. За изборите не сме зборувале, бидејќи најважно сега е здравјето на граѓаните. Зголемувањето на случаите не може да кажеме на што се должни, но ете искуствата од некои земји зборуваат дека зголемувањето се должи на олабавување на мерките. Но, тоа со сигурност не можеме да го кажеме”, рече Филипче.

Филипче најави дека Центарот за ЈЗ и Институтот за ЈЗ го завршија планот за скринингот кој треба да почне наредната недела, со по 400 до 500 тестови на ден со ПСР тестови, а тестирањето ќе оди преку матичните лекари и матичните стоматолози. Со скринингот ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица, припадници на полицијата, возачи во ЈСП, вработени во јавни служби, како и пациенти кои треба да примаат терапија  за да се намали ризикот и да се откријат асиптоматски случаи.

-Со скрингот ќе бидат опфатени вработените во градинките бидејќи мора да има место каде децата ќе се чуваат за да бидеме сигурни дека нема да има асиптоматски случаи – истакна Филипче.

По зголемување на бројот на дијагностицирани во Велес и од коио кластери се тие, министерот Филипче рече дека по надзорот во неколку фабрики во градот утре попладне ќе се има увид за што точно се работи.

Тој информираше дека пристигнале 20 респиратори од ЕУ, уште 25 000 маски М55, а дополнително треба да стигнат и хируршки маски во вкупна вредност од 3,2 милиони евра, од Норвешка стигнуваат уште 20 респиратори, како и 15 преку УНДП. Министерот дополни дека намалување на фреквенцијата на движење го искористиле за средување на Клиничкиот центар и овие нови влезови ќе бидат во функција од следната недела.

Министерот најави и дека ќе се апелира за зголемено користење на апликацијата „СтопКорона“ преку матичните лекари, бидејќи зголеменото време на движење е време кога апликацијата СтопКорона е навистина важна за полесно стигнување до контактите. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ