домаПОЛИТИКАСветФон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека само обединета Европа може да биде независна, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина, Молдавија е во ЕУ. Таа нагласи дека Европската комисија ќе предложи нова програма за помош на Украина, но и ќе преземе мерки против Израел.

Урсула фон дер Лајен повика на обединување на Европа во својот годишен „Говор до нацијата“ пред Европскиот парламент.

„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идеја што ја движеше генерацијата по 1989 година, кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји-членки до нашата Унија. Мора да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, изјави фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, исто така, нагласи дека Комисијата ќе предложи нова програма „Квалитативна воена предност“ за поддршка на инвестициите во капацитетите на украинската армија.

Таа, исто така, рече дека ЕУ треба да најде нов начин за финансирање на одбраната на Украина со користење на замрзнати руски средства.

Според неа, капиталот на самите средства би бил недопрен, а ризикот поврзан со новото финансирање би морал колективно да го делат земјите од ЕУ.

„Ова е руска војна и Русија треба да плати. Затоа итно треба да работиме на ново решение за финансирање на воените напори на Украина врз основа на замрзнати руски средства. Со паричните салда поврзани со овие руски средства, можеме да ѝ обезбедиме на Украина заем за репарации. Самите средства нема да бидат допрени. И ризикот би морал колективно да се носи“, рече фон дер Лајен, според Ројтерс.

Зборувајќи за Израел, таа рече дека ќе предложи санкционирање на екстремистичките израелски министри и делумно суспендирање на трговските договори.

Според неа, Комисијата ќе ја стави својата билатерална поддршка за Израел на чекање, без да влијае на нејзината работа со израелското граѓанско општество и главниот меморијален центар на Холокаустот во Израел, Јад Вашем.

Таа додаде дека ЕУ следниот месец ќе формира Донаторска група за Палестина, клучен инструмент за обнова на Газа. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ