Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека оди во самоизолација бидејќи имал контакт со лице заразено со корона вирусот.
Во пораката објавена на „Твитер“, Тедрос изјави дека се чувствува добро и нема никакви симптоми, но дека во согласност со протоколите на СЗО, тој ќе оди во самоизолација и ќе работи од дома.
СЗО утрово објави дека Тедрос не е заразен и дека некои медиуми погрешно ја пренесоа веста дека тој има Ковид-19.
Тој во пораката не објави кој од неговите контакти е заразен. А.Р.