среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиЃоковиќ трет на АТП листата

Ѓоковиќ трет на АТП листата

Новак Ѓоковиќ благодарение на освоената титула на УС Опен од денес е трет на АТП листата. Ѓоковиќ на таа позиција ќе го прескокне ривалот од финалето во Њујорк Хуан Мартин дел Потро. Ѓоковиќ со трофејот на последниот Слем во сезоната доби 2.000 поени, па од досегашните 4.445 ќе скокне на 6.445, што е доволно за третата позиција. Дел Потро со дополнителните 480 поени ќе дојде на 5.980 и од понеделник ќе биде четврти.

Пред Ѓоковиќ сега се наоѓаат само Рафаел Надал и Роџер Федерер. Рафа со поразот во полуфиналето загуби одреден број поени и сега има 8.760, додека Федерер од 7.080 падна на 6.900.

Значи, второпласираниот Швајцарец е пред Новак со 455 поени, што се лесно достапни до крајот на сезоната, со оглед на тоа што Ѓоковиќ на останатите турнири (Мастерсите во Шангај и Париз и завршниот турнир во Лондон) не брани ниту еден поен, додека Федерер брани 2.100, пренесува СК.

Не е невозможно српскиот тенисер да се врати и на врвот на листата до крајот на календарската година. Надал, од кого има 2.315 поени помалку, до крајот на сезоната ќе брани 1.280 поени, а Новак со евентуални титули на овие турнири би освоил 3.500.

На ВТА листата на прво место Романката Симона Халеп со 8061 бода, на втората позиција е Данката Каролина Возњацки со 5975, додека Германката Анжелик Кербер е трета со 5425 поени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ