четврток, декември 26, 2024
домаЖивотЖивотна срединаГрадење на капацитетите на граѓанските организации за ЖС

Градење на капацитетите на граѓанските организации за ЖС

Првата работилница за стратешко планирање во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“ се одржа во Крушево. Носителот на европскиот проект е Милеуконтакт Македонија, а учествуваат 30 граѓански организации кои се дел од Мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина, чија цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои работат на полето на животна средина.

Работилницата имаше за цел креирање на Стратегија и акционен план на Мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина.

За време на првата работилница учесниците имаа можност да ја договорат методологијата за стратешкото планирање, да ги дефинираат/развијат мисијата, визијата и стратешките цели на Мрежата, како и да ги дефинираат и договорат следните чекори, но и улогите и одговорностите на членовите на мрежата.

Проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, се спроведува во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиумска програма ‎2016-2017 година финансирана од Европската Унија, а се имплементира од страна на Милиеуконтакт Македонија и Здружение на инженери за животна средина „Развојна програма“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ