На денешната прес конференција по информирањето на техничкиот премиер за новите Одлуки на Владата и олеснувањата на мерките, Спасовски директно не понуди решение за родителите кои се на породилно отсуство. Тој потврди дека добил писмо со барање од мајки на пародолно во кое се бара нивнотоплатено отсуство да се продолжи до 1 Септември, но не кажа каква е одлуката на Владата. Сепак, од неговото објаснувње дека се разгледуваат сите аспекти и дека децата, односно најмалите се нашата иднина, може да се насети дека ќе има поволно решение за оваа група на граѓани.
Мајките реагираат на неизвесноста и тоа што доколку со завршувае на временети мерки и тие треба да се вратат на работа, дека остануваат на „цедило“ бидејќи немаат каде да ги остават децата.
На прашањето, пак, на ТЕХТ.МК, дали доколку има избори по отворањето на градинките, истите ќе бидат користени за изборни места, како и досега, Спасовски одговори потврдно. Тој објасни дека и градинки и училишта ќе бидат избирачки места, но дека тоа не треба да биде причина за страв кај родителите, бидејќи постојат протоколи за дезинфекција на градинките.
Н. Доковска