вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотГрадинките ќе се отворат, но како протоколот ќе се испочитува...

Градинките ќе се отворат, но како протоколот ќе се испочитува…

Минситерството за труд и социјална политика по препораки на Комисијата за заразни болести подготво протоколи за работа во градинките, Владата донесе Одлука пред да се отворат воспитно образовните установи треба убаво да бидат исчистени и да се обезбедат доволно маски и ракавици за вработените кои пак имаат обврска редовно да го следат сопственото здравје и здравјето на децата.

Во протоколот уште се вели дека само еден родител ќе смее да го носи и зема детето од градинка во утврденото време и притоа да носи заштитна маска. Децата да седат и спијат на растојание од најмалку 1,5 метар. Групите до 2 годишна возраст да има максимум 6 деца, а оние до 10 години да згрижуваат до 15 деца. И во двата случаи да има по 2 воспитувачки кои не треба да им дозволуваат на децата да споделуваат храна. На вработените им е забрането групирање во заедничките простории, а на децата колективни игри во дворовите.

Пред да влезат во детските градинки, на децата ќе им се мери температура, помеѓу масите за седење мора да има растојание од 2 метри, а градинките треба да обезбедат креветче и по две постелнини за секое дете.

Според протоколот кој ваков како што изгледа е одличен, но остануваат да висат многу прашања, кои пак ги оставаат во неизвсност родителите. Владата најавува отворање на градинките веднаш по завршувањето на скринингот, но не кажува како ќе постапи според протоколите и како за толку кусо време ќе ги усогласи досегашните услови во градинките со новите.

Едно од главните прашања што ги мачат родителите е каде ќе се соберат сите деца кои досега одеа во градинка и како ќе се поделат собите во кои децата престојуваат? Имено, за децата до 2 години предвидено е максимум по 6 деца, каде ќе одат останатите 10 -15 деца кои беа сместени во иста соба? А, плус ги отворија градинките за упис на нови деца!

Во протоколите велат дека ќе мора да има по 2 учителки во група, во смена?! Како тоа е замислено кога конкурс за прием на нови воспитувачки во градинките нема…Има една точка во која се вели дека за секое дете треба д аима по 2 постелнини и да бидат потпишани со името на детето. Но, тендер за купување на постелнини, се уште нема. А, најава за отворање на градинките, иако се уште без датум, има. И, уште друг низа на прашања!!!

Дополнително на ова и покрај ветувањето на техничкиот премиер дека наскор ќе има одговор на барањето на родителите на породилно истото да им се продолжи до септември, таква олдука, се уште НЕМА!!!

Целиот протокол за отворањето и работењето на градинките во услови на КОВИД19, можете да ги прочитате подолу:

УСТАНОВАТА

  • Пред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот (во занималните, кујната, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите) (од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките).
  • После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите.
  • Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици ) за вработените.
  • Установата да има безконтактен термометар за секој влез на установата.
  • Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.
  • На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција.
  • Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила.
  • Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема) на работното место и вон.
  • Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест.
  • Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот.
  • Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат.
  • Активностите во дворот да се реализираат така што «е се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време.
  • Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез.
  • Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска).
  • Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција.
  • Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете.
  • Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри меѓу масите за седење на децата.
  • Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.
  • Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места.
  • Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.
  • Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.
  • Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.
  • Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.
  • Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.
  • Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.
  • Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.
  • Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.
  • Установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома.

ВОСПИТНО/ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР

  • Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место.
  • Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата.
  • При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.
  • Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните.
  • Да се разделуваат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана” користена играчка за да се спречи вкрстувањето.
  • Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миења во текот на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет.
  • Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете.
  • Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката.
  • Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт.
  • Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата.
  • Редовно, во согласност со временските услови да се отворат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација.
  • Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.
  • Да се спроведат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се создаваат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди – на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца – да се стават да седат на растојание едни од други – на пример да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не се допираат, да избегнуваат да го допираат Лицето и др.
  • Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактираат родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје.
  • Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично)
  • Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:

– во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) да се изолира детето во просторијата за изолација, веднаш да се извести родителот/старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете.

  • Да се провери здравјето на другите деца во групата и да се изолираат сите сомнителни случаи.
  • Во случај на потврда на инфекција КОВИД-19, не користете го местото каде што престојувало лицето и да се извести надлежната епидемиолошка служба во Центарот за јавно здравје која «е даде понатамошни насоки за функционирање на установата.
  • Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена лични предмети, играчки и слично.
  • Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална.
  • Се забранува влегување на други возрасни лица, освен одговорните лица на групата.

РОДИТЕЛИ

  • Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска.
  • Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.
  • Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.
  • Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.
  • Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место.
  • Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ