вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотГрадинките остануваат затворени и во наредниот период, а учениците свидетелствата ќе ги...

Градинките остануваат затворени и во наредниот период, а учениците свидетелствата ќе ги добијат кога ќе тргнат на училиште

Како растат бројките на новозаразени и се нижат починати, се чини дека отворањето на градинките станува се повеќе замислена именка. И министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за ТВ Канал 5 рече дека од  Комисијата за заразни болести ќе побара да не се препорачува отврање на градинките. Тој тоа го појасни дека се уште е рано да се отворат градинките, со цел да се заштитат  постарите затоа што децата се преносители на вирусот.

Според СЗО најголеми преносители на заразата се токму децата, односно на 22 отсто. Иако тие можат да заболат со многу лесна форма, сепак од  нив може да страдаат постарите.

Филипче во прилог на ова рече: „Многу малку деца се заразени и практично нема дете кое има тешка клиничка форма, но сметаме дека се уште е рано градинките да се отворат. Скринингот е при крај. Сега за сега нема да препорачам да се отворат градинките. Ќе ја следиме ситуацијата, бројките, анализата, контактите па ќе донесеме соодветна одлука“.

Од друга страна учениците се дома од 11 март и очекуваа повторно да седнат во училишните клупи на доделувањето на сведителствата.Но, како што дознава ТЕХТ.МК донесена е Одлука свидетелствата да им се дадат тогаш кога ќе почне наредната учебна година.  Изјавата „тогаш кога ќе почне“, отвора низа прашања во врска со почнувањето на наредната учебна година. ТЕХТ.МК дознава дека се разгледуваат неколку сценарија. Едното е наредното прво полугодие повторно да биде он лај, а има и една идеја децата да се поделат во две групи и секоја група да оди по 15 дена во месецот. Наставничките велат дека се разговара за оваа опција поради тоа што според тоа колку деца ќе смеат да бидат во училница, значи дека пола одделение треба да не биде на настава.

Минситерот Филипче најави дека претстои интензивна работа на протоколите за училиштата во однос на тоа дали да работат со намален број ученици кои ќе престојуваат во училницата или во две смени, или со запазување колку што може во рамки на една училница исто како што сега се организираат настаните со курсеви, едукации итн.

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ