вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотГрадинките се отвораат на почетокот на јуни, но се уште не се...

Градинките се отвораат на почетокот на јуни, но се уште не се кажуваат протоколите

Според најавите на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по завршувањето на скринг тестот на вработените во градинките, истите ќе се отворат. Нивното отворање е најавено за почетокот на јуни, но досега никој не ги кажа протоколите по кои ќе се постапува и колку и дали сите градинки ги исполнуваат условите. Исто така останува непознаница дали целиот капацитет на градинките ќе биде ставен во служба или само на оние деца каде и двајцата родители не можат да отсуствуваат од работа. И, она што упорно го премолчуваат што со родителите се на породолно отсуство и на кои тоа им завршува овој период?

Вчера неформална група на мајки на породилно побараа од МТСП породилното отсуство на сите да биде продолжено до 1 септември, период во кој родителите ќе можат да ги запишат децата во градинка ! Но, од МТСП дипломатски одговор – се додека траат времените мерки, мајките ќе бидат на породилно отсуство.

А, што ако мерките се укинат на 1ви јуни? Како да тргнат родителите на работа кога уште не успеале да ги запишат децата во градинка, бидејќи градинките веќе трет месец се затворени, прашуваат мајките што се на породилно. Или, ќе бидат ставени пред свршен чин!

И, она што најмногу ги мачи, а за што МТСП упорно молчи, е кој ќе ги плаќа родителите ако им се  продолжи породилното. Една мајка која деновиве треба да тргне на работа, вели дека ако треба компанијата да ја плаќа во периодот од завршување на породилното до тргнување на работа според времените мерки, дека тоа нема да се случи, туку дека веднаш ќе добие отказ!

Само колку за потсетување во другите држави градинките работат со капацитет меѓу 30-50 отсто, одат само оние деца чии родителите ќе однесат потврда дека не се ослободени од работа. Исто така веќе одамна се знаат протоколите, а кај нас се уште се премолчуваат, веројатно поради свесноста дека освен приватните градинки ретко која државна градинка има капацитети да ги испочитува мерките.

На скрингот досега само 2 вработени се регистрирани позитивно на корона, во Битола и во Скопје.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ