Граѓаните, особено љубителите на планинарењето, најостро реагираат на забраната за движење во шума, која стапи на сила на 17 април. Имено, во информацијата за забраната се вели дека поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Во информацијата уште се вели дека забраната започнува да важи од 17 април (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.
Револтираните граѓани се органиизраат и потпишуваат петиција со која бараат да се укине забраната. Во петицијата која за помалку од 24 часа ја потпишаа безмалку 5000 лица, и преку која му се обраќаат на министерот Трајан Димковски и на директорот на ЈП Национални Шуми Зоран Ѓорѓиев се вели:
„Почитуван Министер за земјоделство водостопанство и шумарство Трајан Димковски, и Директор на ЈП Национални Шуми Зоран Ѓорѓиев,
Мерката ќе стапи на сила од 17ти април со неодреден рок??? Каква е таа одлука и спроведување на истата преку ноќ без никакво излагање? Какви се овие забрани и ограничување на движење, основно човечко право без никаква реална основа? Природата е со влага, и април е месец кој беше проследен со обилни врнежи на дожд и снег – каква е таа опасност од пожари? Дали реално постои друга причина за забраната? Свесни сте дека ова е дополнителен притисок и ограничување кои ни ги нанесувате и ги предизвикувате. За која цел е реално донесена оваа забрана? До кога оваа мерка би била на сила, дали некој размислува за тоа дека секое попладне и викенди илјадници жители се во природа? Дали е размислено за сите други негативни ефекти од ваква забрана, или преку ноќ е донесена и спроведена, особено во период кога сите седиме по дома затворени и не се изложуваме на премногу потребното сонце и чист воздух, особено СЕГА? Доколку постојат некои за сега неразјаснети ризици и цели, дали ваква мерка е “најлесна” за спроведување, и тоа преку ноќ, дали затоа е донесена? Се шпекулираат неколку можни реални причини и сценарија. Дали размислувате за Вашиот личен интегритет како дел од ова опшество како и тој на институциите кои ги преставувате со постапките и мерките кои ги носите?
Прошетките во природа се единственото природно одржување на имунитетот во моментов. Стимулирајте прошетки во шумите, едуцирајте го населението за грижа за своето здравје, доста репресивни мерки. Ваквите мерки не создаваат прогрес, не го менуваат менталитот, не ги едуцираат луѓето, не се човечни, и не ги спречуваат пожарите.
Ако вие не сте љубители на планината и природата, има луѓе кои дишат во еден здив со неа. Револтот е огромен, и доколку не ја рагледате можноста за измена на одлуката и преиначување на истата со цел рекреативци и љубители на природата да можат слободно да циркулираат по шумите и во природа, ќе се организираме и ќе ја покренеме јавноста.“
Само колку за потсетување и извршниот директор на СЗО во едно од своите обраќања потенцираше дека децата најмалку еден час,а возрасните минимум 30 минути во текот на денот мора да се движат надвор. Се разбира, притоа да се почитуваат препораките за социјална дистанцираност и да не се оди во грипа повеќе од двајца.
Петицијата се потпишува ТУКА.
Н.С.