понеделник, март 3, 2025
домаНасловнаГрција се затвора од сите страни, отворена границата само со Бугарија

Грција се затвора од сите страни, отворена границата само со Бугарија

Грција од утре ги спушта рампите на сите копнени граници за туристите, граничните премини како со Сееврна Македонија, така и со Албанија и Турција. Со Бугарија останува отворен само преминот „Кулата„ додека преминот „Маказа“ кој до вчера беше отворен и за автомобили веќе е затворен, пренсува Нова.бг.

Од недела, туристите можат официјално да влезат во Грција само преку граничниот премин Кулата. Ова го одлучија грчките власти и точно во 14 часот ја затворија границата кај Маказа. Бугарите, меѓутоа, можат да се вратат во Бугарија преку сите гранични премини.

Грција ги затвора своите граници со српските туристи и од утре од 6 часот нема да се примаат српски туристи поради пораст на бројот на лица со коронавирусот.

Одлуката да се сопрат туристите преку Маказа, исто така, доведе до сериозен пад на патниците, а во Грција локалните власти издадоа протестни писма до владата и најавија протести.

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ