среда, декември 18, 2024
домаЖивотЖивотна срединаГутереш со драматична порака: Човештвото води самоубиствена војна со природата!

Гутереш со драматична порака: Човештвото води самоубиствена војна со природата!

Нашата планета е скршена, му порача на светот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и предупреди дека „човештвото води самоубиствена војна со природата“.

– Природата секогаш возвраќа и тоа го прави со голема сила и гнев – потсети Гутереш во интервју за „Би-Би-Си“ и најави дека сака да ја стави борбата против климатските промени во срцето на глобалната мисија на светската организација.

За време на својот говор за состојбата на природната средина на Земјата, Гутереш повтори дека е потребно да се намалат емисиите на стакленички гасови за 45% до 2030 година во споредба со нивото на штетни гасови регистрирано во 2010 година.

– Науката е јасна. Ако не ја намалуваме емисијата на штетни гасови од согорувањето на фосилни горива за 6% секоја година до 2030 година, ситуацијата значително ќе се влоши. Апокалиптични пожари, поплави, циклони и урагани ќе станат наше секојдневие. Биодиверзитетот исчезнува, пустините се шират, океаните се дават во пластичен отпад. Ова е момент на вистината за човештвото – предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој потсети дека ЕУ, САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и 110 други земји се обврзаа да престанат да испуштаат штетни гасови до средината на овој век, но тој сака да види дека тој моментум ќе се претвори во акција.

„Ние мора да склучиме траен мир со нашата планета Земја“, порача Гутереш. А.Н.

 

Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ