четврток, декември 5, 2024
домаТехнологијаКомпјутериХакирани профили на „Твитер“ на Бајден, Гејтс, Обама, „Епл“...

Хакирани профили на „Твитер“ на Бајден, Гејтс, Обама, „Епл“…

Профилите на Твитер на многу познати личности, но и компании, се хакирани во најголемата крипто-измама на оваа платформа досега.

„Си-Ен-Ен“ наведува дека меѓу хакираните профили се оние на Илон Маск, Барак Обама, Бил Гејтс, Џо Бајден, Џеф Безос, Ворен Бафет, Мајкл Блумберг, „Епл“ и „Убер“.

Барањата на измамниците биле да им бидат исплатени парите во биткоин новчаници.

Компанијата „Твитер“ јави дека ќе преземе драстични мерки и ќе ги блокира сите нови твитови и натписи од овие профили и ќе ги заклучи.

– Ние сме свесни за безбедносниот инцидент. Истражуваме и преземаме чекори за да ја средиме ситуацијата. Наскоро ќе објавиме сè што знаеме – порачаа од „Твитер“. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ