сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаХрватската сензација Свемирко следниот месец во МКЦ

Хрватската сензација Свемирко следниот месец во МКЦ

На 11 декември (сабота) во МКЦ ќе се одржи концерт на хрватскиот бенд “Свемирко”. Иако музиката на бендот можеби и не е поп во класична смисла на дефиницијата, таа поставува трендови и ги поместува или дури и ги отстранува границите. Од своите почетоци и за само четири години, Свемирко лесно стана најбараната концертна сензација во областа населена со јужни Словени, додека клучната личност, главниот и креативен ум на групата – Марко Вуковиќ, не престанува да го испорачува ветеното и неочекуваното. Новиот, трет по ред студиски албум на Свемирко „Скаламерија“ е последниот дел од трилогијата „-ија“. Поразличен, повешт и попрогресивен во споредба со претходните албуми „Тунгузија“ и „Ванилија“, пред сè е достоен крај, ако не и најочекуваниот дел од оваа трилогија со епски размери.

Билетите по цена од 400 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ