понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗдравјеИграчките од рециклирана пластика отровни !!!

Играчките од рециклирана пластика отровни !!!

Новата студија, „Токсична супа: Диоксините во пластичните играчки“ покажува алармантни нивоа на многу токсични бромирани диоксини во осум играчки и една штипка за коса направени од рециклирана пластика преку обработка на електричен отпад. Содржината на диоксините е најдена во играчки од Чешка, Германија, Франција, Португалија, Аргентина, Индиа и Нигерија беше споредлива со нивоата утврдени во претходните студии за индустриски отпад.

Експертската група за надележни органи на ЕУ за Регулативата на постојани органски загадувачи (РОРѕ) информираше дека во производите кои се рециклираат и од кои се произведуваат играчки, содржат постојани органски загадувачи, како полибромирани дифенил етер и диоскини.

„За да се спречи присуството на високо токсични супстанци во играчките, ЕУ и нејзините земји-членки мора да ја повлечат својата регистрација за ослободување од рециклирање според Стокхолмската конвенција и да воведат построги органичувања за постојаните органски загадувачи во отпадот.“-објаснува Јиндрих Петрик, извршен директор на програмата за токсичност и отпад во организацијата „Арника“.

Во анализата биле третирани производи купени во 7 држави и 4 контитенти. Во најмалку еден примерок од секоја земја, беа пронајдени вредности во редот на стотици pg WHO-TEQ/g, и не се разликуваше дали играчката е добиена од Латинска Америка, Јужна Азија или Европската Унија.

Застапниците истакнуваат дека дупката што ја има во законодавството не се однесува само за европскиот пазар, туку и за земјите во развој. Европа испраќа 15-50% од својот е-отпад или незаконски, или како електроника, во помалку развиени земји, особено во Азија и Африка, каде продолжува да постои – се рециклира и понатаму загадува во форма на рециклирана пластика.

Ова истражување беше спроведено од Арника, ИПЕН, БУНД и Heal. Примероците беа собрани во следните региони на ОН и земјите: Чешка, Франција, Германија и Португалија, Аргентина, Индиа и Нигерија во текот на 2017 и 2018 година

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ