недела, декември 22, 2024
домаЖивотЖивотна срединаИли поголем буџет против загадувањето на воздухот или радикализација на протестите

Или поголем буџет против загадувањето на воздухот или радикализација на протестите

Екологистите од целата земја одново реагираа поради високото ниво на загаденост на воздухот во неколку градови,  со акцент и на отпадот со ниво на радиоактивност, како и земјиште презаситено со пестициди во повеќе градови низ земјава.

„КОАЛИЦИЈАТА 02 – ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“, која е составена од неколку организации, бара повисок буџет за заштитата на средината во 2018 година, а не предвидените 0.4 отсто.

Од „О2“ остро ја критикуваат владата и премиерот Зоран Заев, затоа што според нив, износот кој е доделен од буџетот за загадувањето на воздухот јасно говори за несериозноста на Владата во борбата против овој проблем. Активистите бараат зголемување на буџетот на 2,5 отсто. Во спротивно се закануваат со радикални протести, па дури и дека ќе се обратат до меѓународни институции за помош.

Активистите за здрава животна средина најавија порадикални протести противгеноцидот врз животната средина во земјава. Според извештајот на Министерството за животна средина, во  ноември оваа година, воздухот во Скопје беше загаден со ПМ10 честичките се 4 пати над дозволеното ниво. Тетовци пак дишеле три пати позагаден воздух, додека во Битола се измерени количества штетни честички двојно повеќе од дозволеното ниво. Медицинските истражувања во светот  укажуваат на тоа дека се повеќе болести се директно поврзани со загадената средина, а УНИЦЕФ пред само неколку дена излезе со последниот изештај за влијанието на загадениот воздух врз разојот на децата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ