недела, декември 22, 2024
домаТехнологијаИлон Маск сака син му да се вика X Æ А-12

Илон Маск сака син му да се вика X Æ А-12

Откако во понеделникот го добија своето прво дете, технолошкиот магнат Илон Маск и пејачката Грејмс, чие вистинско име е Клер Буш, најавија дека на својот син ќе му го дадат името X Æ А-12.

Сепак, се чини дека гордите родители нема да можат да го внесат ова необично име во матичната книга на родените, затоа што, како што е соопштено од порталот „Мирор“, нотарската служба од Лос Анџелес објаснила дека во сојузната држава Калифорнија е нелегално да се вклучат симболи и броеви во имиња внесени во матичен список.

Во законот се вели дека само букви од азбуката можат да се појават во официјалните документи, што значи дека X Æ A-12 – кратко и јасно – ги крши ваквите правила.

Корисниците на социјалните медиуми со денови се обидуваат да откријат што всушност претставува името на момчето, а нивните сомнежи сега ги реши на Твитер „новата“ мајка:

„Х е непозната променлива и Æ е знак на елф за Аи (љубов и / или вештачка интелигенција). А-12 е претходник на нашиот омилен авион СР-17, без оружје, без одбрана, само брзина, одличен во битките, но ненасилен. И, конечно, И како Архангел, мојата омилена песна “, објасни Грејмс.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ