четврток, април 25, 2024
дома"Илуминати" - нова премиера во Театар Комедија

“Илуминати” – нова премиера во Театар Комедија

Претставата “Илуминати“ е работена според култниот филм на Хичкок, “39 скали“. Жанровски претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан (Тино Костадиновски), кој заедно со плејадата споредни ликови, вешто интерпретирани само од тројца актери (Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски), нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија…

Режисер на претставата е Синиша Евтимов. Играат:Валентин Костадиновски – Тино,Наталија Теодосиева,Сергеј Димовски, Атанас Атанасовски.

Сценографијата е на Мартин Манев, костимографија: Ивана Каранфиловска Угуровска, Дизајн на звук: Георгиј Полизов, тон-мајстори: Георгиј Полизов и Томи Анчов, дизајн на светло: Мартин Манев, светло-мајстор: Слободан Илиоски.
Напомена: Во претставата се користат гласни ефекти (пукање).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ