Сите го правиме ова секој ден, а не знаеме дека така го нарушуваме нашето здравје.
Заборавате дека бактериите и вирусите се околу нас
Доколку е можно, избегнувајте допирање на површини кои би можеле да бидат контаминирани со вируси или бактерии. Зима е, што значи дека можете слободно да носите ракавици кога користите лифт, на пример, бидејќи копчињата се сериозни извори на вируси и бактерии. Не ги отстранувајте ракавиците во јавниот превоз, во такси. Не допирајте ја оградата на подвижните скали во трговските центри, не одете во јавни тоалети.
Го прескокнувате понекогаш миењето раце
Редовното миење раце со сапун и вода е најдобра хигиенска навика која може да нѐ сочува од бактерии и вируси. Не постои ситуација кога може и смее да се прескокне.
Верувате во хигиената на хотелските соби
Ако патувате некаде, без разлика дали вашиот хотел има пет или помалку ѕвезди, земете средство за дезинфекција и испрскајте ги кваките и славините, далечинските управувачи.
Користите антибиотици на своја рака
Антибиотиците ги убиваат бактериите, но немаат никаква корист против настинки или грип. Земањето антибиотици кога не е потребно може негативно да влијае на имунолошкиот систем, предупредуваат лекарите.
Пиете премногу алкохол
Виното е здраво, но само ако пиете по една чаша дневно, најмногу. Се над тоа сериозно го нарушува вашиот имунолошки систем, бидејќи алкохолот го забавува производството на бели крвни клетки во коскената срцевина.
Осамени сте
Избегнувањето на потенцијално болни луѓе може да изгледа како добра идеја, но целосната изолација не е решение. Луѓето кои се осамени подолго време имаат поголем ризик од болести и пад на имунитет.
Не пиете доволно вода
Вашиот имунолошки систем е во опасност кога вашето тело нема доволно течност, бидејќи водата помага кислородот да се транспортира преку крвта до нашите клетки. Водата, исто така, им помага на бубрезите и црниот дроб да се изборат со токсините во нашето тело.
Внесувате премногу шеќер
Без оглед дали се работи за бонбони, или засладени чаеви, шеќерот е смрт за имунолошкиот систем.
Не спиете доволно
Неколку одделни студии покажаа дека луѓето кои имаат лош сон и не спијат седум или осум часа во континуитет, почесто заболуваат од грип.
Под стрес сте
Хроничниот стрес, исто така, може да ја смени хемијата на телото, што го ослабува имунолошкиот систем. Најдете начин да се опуштите. Размислете за тоа што најмногу ве релаксира и приуштете си го барем неколку пати неделно.