четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаИсповед на уметницата Силви Пецаковска Џуричиќ : Диетата ме врати во Живот!

Исповед на уметницата Силви Пецаковска Џуричиќ : Диетата ме врати во Живот!

Ви се има ли случено да се погледнете во огледало и да не се препознаете? Токму тоа ми се случи. Очекував да го видам ликот кој долго го гледав, но само видов бледо лице без желба за живот, со мала искра во очите која одвреме навреме светкаше. Опколена со луѓе кои често ми делеа комплименти „убава си, без разлика дали си дебела или не“. Тоа ми беше доволно. Но, изгледа сум била во заблуда, несвесна дека телото почна да откажува.

Во принцип сум доста активна личност, не знам што значи да се мирува. Како уметник (изработувам мозаици од камен) често сум на пат со работни обврски, по материјали, по семинари, а воедно  знам максимално да бидам присутна за моето семејство, како мајка на две ќерки и како сопруга.

Лекување, терапии, зрачење, лекарства се тоа доведе до хормонален дисбаланс па нагло зголемив на телесната тезина. 11 години ја водам биткава со карцинимот, но морам да признаам и тоа како знаеше да ме тресне од земја, имаше денови каде буквално не можев од постела да станам. Особено последниве две години.Телото не ми беше доволно силно да ја поднесе болката.

Отидов на лекар, проверка на се, покрај тоа што веќе го знам за себе ми кажаа дека имам и анемија, слаба крв, недоволно црвени крвни зрнца за да се регенерира телото. Извесен период на терапии, лекови, ампули, инфузи, трансфузија, но повторно проверка и исто. Искрено, немав волја за ништо, се повлеков од бизнисот, напуштив се, немав социјален живот, не излегував, не сакав никој да ме посетува, ниту да им објаснувам зошто ме нема, зошто не сум активна.

Чуден одбранбен систем има човековото тело зарем не? Така изолирана од сите активности, еден февруарски ден разгледувајки нешто на нет, видов фотографии од пред и потоа на една жена која имала над стотина килограми, трансформацијата беше неверојатна. Ме заинтересира и веднаш им се обратив незнаејќи за што станува збор. Ми објасни дека ослабела со режим на исхрана на Ун Диета. Ме заинтересира.

И онаа хиперактивната во мене се базбуди и решив да се обидам, па нема што да изгубам, освен килограмите. Така почнав со поддршка од групата во која бев активна, почнувајќи го утрото со две парчиња овошје, вода, кафенце, зелен чај.

Првите две недели ми беа многу травматични, постојано бев гладна и само на нездрава храна мислев, но со тек на време се се промени. Почнав да јадам само здрави намирници, сирова храна, блендирани шејкови, а воедно оброците ми беа сведени на порции од 250 гр. Без мешање на јаглехидрати со скроб и протеини, едуцирајќи се, знаев што внесувам, колку и дали е тоа здраво или не.

Силви Пецаковска Џуричиќ пред започнување на диетата
Силви Пецаковска Џуричиќ пред започнување на диетата

Успеав со овој режим да намалам  43 килограми за 10 месеци (2 месеци пауза правев и грам не вратив). Уште сум на диета се додека не ја постигнам мојата цел. Минатиот месец направив крвна слика и мојот лекар беше изненаден од резултатот,  на прв поглед не веруваше дека се работи за мене. Крвната слика ми беше супер.

Сега веќе си имам своја група UN The Best Diet и им помагам на други членови кои ми се обратиле за совет и поддршка, со едноставно мото кое често го говорам: Кога Јас Можам, Можеш и Ти!.

Сега сум активна како и порано можеби и повеќе од тогаш. Најбитно од се посветив време на себе (сакајќи се себе си, способна си да сакаш и други) А, меланомот ? Се уште е присутен, но за тоа во друга прилика. Битно не е активен како порано, и не ме спречува да функционирам и да напредувам во моите цели како личност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ