среда, декември 18, 2024
домаТехнологијаКомпјутериИстражување откри во кој дел од денот хакерите напаѓаат најчесто

Истражување откри во кој дел од денот хакерите напаѓаат најчесто

Една од заканите во сајбер просторот се хакерите, а компанијата „Malwarebytes“ откри кога и зошто се случуваат најголем број хакерски напади.

„Malwarebytes“ откри дека во трендовите на раст на нападите со „ransomware“(н.з. напад со вирус кој блокира пристап до личните податоци додека не се плати откуп), најголем број напади од хакери се случуваат ноќе, кога на работното место нема безбедносни експерти.

Според извештајот на „Malwarebytes“, најголем број напади се забележани помеѓу 1 и 5 часот по полноќ.

Истражувањето спроведено од тимот на „Malwarebytes“ наведува дека глобалните напади со „ransomware“ се зголемиле за 33% минатата година, при што земјите доживеале нагло зголемување на овие напади. Велика Британија има 67 отсто пораст на овие напади, а САД околу 63 отсто.

Извештајот, исто така, истакна дека тие секогаш ги прашуваат организациите „дали имаат некој подготвен да спречи хакерски напад во 2 часот по полноќ со достапната технологија и работна сила?“

Крис Кисел, потпретседател во Групацијата за производи за безбедност и доверба на Меѓународната корпорација за податоци (IDC), исто така изјави дека „организациите можеби имаат алатка која ќе ги извести дека се случува напад, но ако се случи во понеделник наутро, тогаш ќе биде премногу доцна.”

Марцин Клечински, основач и директор на „Malwarebytes“ додаде дека „ на хакерите времето и мотивацијата им се во прилог и постојано го развиваат одговорот на најновата технологија“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ