сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотИталија во карантин, македонската дипломатија нем набљудувач

Италија во карантин, македонската дипломатија нем набљудувач

Италија и нејзините граѓани од вчера се под карантин кој почнува да наликува на циркус за оние кои одстрана гледаат, а Италијанскиот весник „Кориере дел Сера“ пишува дека  се очекува бројот на заразени со коронавирус да се зголемува од час во час. А, жителите на регионот Венето преживуваат вистински кошмар. Според последните информации кои стасуваат до нашата редакција, а се однесуваат на состојбата во Северна Италија е дека сите јавни институции, училишта, угостителски објекти и базени се затворени, а по улиците се движат само оние кои мораат. Блокирањето на железничкиот сообраќај синоќа од страна на официјална Австрија, дополнително ги исплаши жителите на границата, особено откако се рашири информацијата дека и Словенија ќе ја затвори границата со Италија.

Она што нас не загрижува и интересира е како ќе се справиме ние со евентуално ширење на заразата и кај нас, особено ако се знае дека во северниот дел на Италија има околу 16.000 Македонци, додека во цела Италија живеат нешто повеќе од 60.000 македонски граѓани.  Ова се лица кои често патуваат дома, што дополнително не става во ризик, а државата не се огласува со дополнителни информации и не информира за превземање на соодветни мерки.

Ако се земе предвид и фактот дека Северна Македонија има редовни авионски линии со Рим, Милано и Венеција и дека голем број на наши граѓани патуваат на викенд користејќи ги бенефицците на буџет компаниите, тогаш можноста од пренос на заразате е веројатен. Згора на тоа во тек е и Венецијанскиот карневал, за кој имаше организирани тури од кај нас, а информациите за нашите туристи таму се штури. Ние сакаат ниту агенциите да информираат, а ни самити туристи не пријавуват дека се или биле деновиве во Италија.

Македонската Влада и димпломатија засега не се огласува по информации кои доаѓаат од Италија. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека се преземаат мерките што се препорачани од СЗО, но ништо повеќе од тоа.

Денеска во Италија е регистрирана и четврта жртва на вирусот, станува збор за  84 годишен маж, а заразени се вкупно 165 лица.

Италијанскиот весник исто така пишува дека во болницата во Кодони каде е хоспитализиран прво заболениот пациент, заразени се најмалку пет лекари и медицински сестри, додека во болницата во Дол каде е хоспитализирано уште едно заразено лице, заразени се и тројца медицински работници.

Првото заразено лице во Италија, 38-годишник, минатата недела дошло во болница во Кодони, но е пуштено дома со дијагноза на грип, а бидејќи не патувал никаде, лекарите не го тестирале за коронавирус. Неколку дена подоцна неговата состојба се влошила, па се вратил во болницата и дури подоцна било откриено дека е заразен.

Професорот Деви Шриџар од универзитетот за медицина во Единбург смета дека епидемијата направила голем пресврт во последните 48 часа бидејќи има зголемување на број на заразени надвор од центарот на епидемијата во Кина „кои не се јасно епидемиолошки поврзани, не биле на пат или во контакт со луѓе со дијагностицираната болест “.

Во последниве денови регистрирани се заразени во Јужна Кореја, Турција, Иран и Италија каде се појавуваат  и развиваат жаришта, со скоро 150 случаи пријавени за неколку дена и 12 градови во изолација.

Што се однесува до автохтониот фокус во Италија,  за научниците е тешшко да го утврдат текот на инфекцијата на „првиот пациент“ од кого се раширил вирусот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ