среда, декември 25, 2024
домаЖивотЖивотна срединаИтни мерки на владата против загадувањето, родителите со бојкот на наставата

Итни мерки на владата против загадувањето, родителите со бојкот на наставата

Ако во наредните два дена прагот на ПМ10 честиците во воздухот ја надминуваат границата на најмалку две мерни станици во Скопје, ќе се практикуваат итни мерки донесени од Интервентната акциска група за борба против загадувањето на воздухот, составена претставници од Кабинетот на премиерот Заев, Министерството за животна средина и Град Скопје.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски најави дека дел од мерките се однесуваат на ослободувањето од работни обврски на бремените жени, луѓето со хронична астма, луѓето со прележан мозочен или срцев удар и да го реорганизираат работното време, како и забрана на спортски натпревари на отворено.

Покрај ова Интервентната акциска група за борба против загадувањето на воздухот  и наложува на локалната самоуправа да ја намали цената на градскиот превоз, како поттик за граѓаните да користат јавен превоз, а воедно да обезбеди и бесплатен јавен превоз. Автобусите на ЈСП пак, ќе треба да ја зголемат фреквенцијата на сообраќање.

Мерките предвидуваат улиците и пешачките зони да се перат секојдневно, а државните институции да ги зголемат инспекциите на градилиштата. На градежните компании им се наложува да користат повеќе вода и да ги мијат гумите при влез и излез на возилата од градилиштата, а тешките машини како багерите и виљушкарите до градилиштата ќе мора да бидат максимум до 7.30 наутро, а сите органи на државата ќе добијат наредба да ја ограничат употребата на службените возила на 50 проценти, потенцираше владиниот портпарол.

Бошњаковски исто така каже дека властите дополнително ќе ја разгледуваат можноста за набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, односно маски со филтри за сите училишта, здравствени центри и градинките.

И додека Владата, од една страна најавува итни мерки за спречување на загаденоста, граѓаните се организираат да ја бојкотираат наставата на нивните деца и повикуваат на 20-то Декември децата да не одат на училиште.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ