домаКУЛТУРАЛитератураИзбрани финалистите за годишните награди на ДПМ

Избрани финалистите за годишните награди на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 година ги избраа делата што влегуваат во најтесен избор.

Од осумте полуфиналисти (од вкупно седумнаесет пријавени дела) за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., поради израмнет број бодови на две дела за трето место, со одлука на УО на ДПМ во финалниот круг влегуваат следните четири наслови:

– „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“)

– „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“)

– „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“)

– „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“)

Од осумте полуфиналисти (од вкупно шеснаесет пријавени дела) за наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ, за најдобра поетска збирка објавена во 2025 г., во финалниот круг влегуваат следните три наслови:

– „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“)

– „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“)

– „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“)

Од седуммината (од вкупно тринаесет пријавени дела) што се пласираа во полуфиналниот круг за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ, за најдобра книга за деца и млади објавена во 2025 г., во финале одат следните три наслови:

– „Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска („ТРИ“)

– „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“)

– „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“)

За наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2025 г. се пријавени четири дела, кои воедно се сметаат за финалисти:

– „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“)

– „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“)

– „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“)

– „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“)

За наградата „Мост“ на ДПМ за 2025 г., за книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, пријавени се следните три дела:

– “Embsuame Paskajore” („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“)

– “Pronicanje tišine” („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“)

– “Atdheu: burrë pa grua” („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику („Сојуз на писатели Албанци на Македонија“)

Во наредните неколку дена членовите на петте жири-комисии ќе се состанат и ќе ги изберат добитниците на наградите на ДПМ за 2025 г., кои ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи на 10 февруари. Како што е веќе традиција, врачувањето на наградите ќе се одржи на 13 февруари 2026, денот на кој ДПМ оваа година ќе одбележи 79 години од своето постоење. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ