Изложба со наслов „Затаени мигови“ ќе се отвори во Галеријата ФЛУ објект Педагошка на 05 мај (понеделник) со почеток во 20 часот.
Како што најави Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев, добитници на наградата „Четири мајстори на модернизмот“ (во чест на основачкиот кадар на ФЛУ и професорите Петар Мазев, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков), под менторство на ред. проф. м-р Антони Мазневски, ќе се претстават со самостојна изложба „Затаени мигови“, во Галеријата ФЛУ (педагошка).

