Јапонски научници користеа супер компјутер за да симулираат емисија и проток на ситни честички (аеросоли) на заразени луѓе во различни затворени простори. Резултатите покажаа дека влажноста може да има големо влијание врз намалувањето на ширењето на честичките на вирусот, така што ова откритие може значително да го намали ризикот од инфекција во зимските месеци.
Супер компјутерот покажа дека употребата на навлажнувачи може да го ублажи ширењето на инфекцијата во услови кога не е можно редовно проветрување на просториите со отворање прозорци, покажува заедничка студија спроведена од Рикен и Универзитетот во Кобе.
Научниците го користеа супер компјутерот Фугаку за да симулираат емисија и проток на ситни честички (аеросоли) на заразени луѓе во различни затворени простори. Влажноста на воздухот под 30 проценти ја зголеми повеќе од двојно количината на аеросоли во споредба со влажноста од 60 проценти или повисока, покажаа симулациите.
Студијата понатаму покажа дека прозирните штитници за заштита на лицето не се толку ефикасни како маските за спречување на ширење на аеросолите.
Истражувачкиот тим предводен од Макото Цубокура претходно го користеше суперкомпјутерот Фугаку за симулирање на зараза со коронавирус во возовите, работните места и училниците. А.Н.