среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиКатастрофа на Ферари и доминација на Хамилтон на трката во Штаерска

Катастрофа на Ферари и доминација на Хамилтон на трката во Штаерска

Актуелниот светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи денес во трката во Формула 1 за Големата награда на Штаерска, на истата патека во Австрија, каде што возеше разочарувачки пред седум дена, па заврши на четвртото место.

Шесткратниот светски првак стартуваше од „пол“ позиција, водеше од почеток до крај и ја оствари 65-та победа во својата кариера …

Второто место го зазеде Валтери Ботас од Мерцедес, а трет беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Неговиот тимски колега Александар Албон го зазеде четвртото место, додека возачот на Мекларен, Ландо Норис, успеа да надомести три позиции во последниот круг и го зазеде петтото место.

Сите светски медиуми пишуваат за младиот Британец, роден во 1999 година, кој беше трет пред седум дена, дека тој дури успеа да ја „украде славата“ од Луис Хамилтон.

Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез го зазеде шестото место, иако стартуваше од 17-то место, а неговиот тимски колега Ленс Строл го зазеде седмото место. Даниел Рикардо од Рено беше осми, Карлос Саинц од Мекларен беше на деветтото место, додека Данил Квјат од Алфа Таури го зазеде 10-то место.

Ферари не ја заврши трката, бидејќи Себастијан Фетел и Шарл Леклерк се судрија во првиот круг. Леклер се извини и ја призна одговорноста за инцидентот.

Следната, трета трка шампионатот, ќе се одржи следната недела во Унгарија.

Трката во Австрија беше обележана со нова „бура“ пред почетокот, кога повторно не сакаа сите возачи да „клекнат“ во знак на поддршка на борбата против расизмот, само овој пат беа помалку. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ