среда, декември 18, 2024
домаСпортРакометКирил Лазаров влезе во историјата на СП

Кирил Лазаров влезе во историјата на СП

Иако нашата ракометна репрезентација по поразот од Шведска синоќа со резултат 20:32, неславно го започна своето учество на Светскиот куп во Египет во кој влета во последен момент како замена за Чешка, капитенот Кирил Лазаров (40) испиша историја со овој натпревар.

Нашиот ракометен ас  и еден од најдобрите ракометари на сите времиња стана првиот играч во историјата на ракометот кој постигнал гол на светските шампионати во четири различни децении.

Лазаров го постигна својот деби гол на Светското првенство во 1999 година, во истата сала во која настапи синоќа, кога како 19-годишник постигна гол во последните секунди на мечот што Македонија го доби против Саудиска Арабија.

Лазаров требаше да го чека следното Светско првенство до 2009 година, кога настапи во Хрватска. Тогаш беше најдобар стрелец, со дури 92 гола, а неговиот тим се пласираше во четвртфиналето.

Нашата ракометна репрезентација не учествуваше на следното натпреварување, во 2011 година во Шведска, но учествуваше во следните пет, вклучително и сегашното, а Лазаров секојпат го докажуваше својот врвен квалитет.

Потврда на неговиот успех вчера е фактот што постигна пет гола против Швеѓаните, реализирајќи 50-отстотна успешност. Лазаров кој во мај ќе го прослави својот 41 роденден, досега има постигнато близу 1.500 погодоци по репрезентација. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ