Во Италија, во која се уште е на сила ограничувањето во движењето, практично, сите патувања во земјата се невозможни, слично е и во земјите во регионот, а главни одморски дестинации за нас. Како се затоплува времето и се приближува првата тура на одмори, оние ефтините, така сите почнваме гласно да си го поставуваме прашањето кога ќе бидат укинати овие ограничувања и дали да планираме одмори оваа година?
Министерот Филипче на една од прес конференциите најави дека олеснувањата ќе почнат на почетокот на идниот месец, но дека не може да каже дали да планираме одмори или не. Олеснувањата, како што најави и самиот Филипче ќе одат во неколку фази.
И, тоа не е случај само кај нас. И во Италија, како најпогодена европска земја оелснувањето го најавува во неколку фази и тврди дека тоа ќе трае некаде до крајот на оваа година. Претседателот на Италија, Џузепе Конте минатата недела објави дека строгата блокада ќе биде продолжена најрано до 3-ти мај, а дури по овој датум ќе се размислува за олеснување на ограничувањата за движење. Но, италијанскит медиуми пишуваат дека иако индустријата планира наскоро да ги рампите и да почне да работи, туристичките работници не очекуваат дека во скоро време ќе почнат да работат. Италијанскиот секретар за туризам, Лоренца Бонакрори, минатата недела изјави дека 2020 година може да биде „отпишана“.
До 3 мај – патувањето во и од Италија се строго ограничени. И додека Италија технички не забрани да доаѓаат странски посетители, а повеќето италијански аеродроми всушност се уште се отворени, тоа не е возможно бидејќи голем број работи го прават патувањето до и од земјата скоро невозможно. Долг е списокот на авиокомпании што ги откажаа дел или сите нивни летови за Италија, а крстаречките бродови се резервирани само за претовар на патниците во италијанските пристаништа.
Некои од соседите на Италија, вклучително и Австрија и Швајцарија, имаат строги ограничувања за патувања преку границите. Повеќе меѓуградски и брзи возови во Италија се откажани, а локалниот јавен превоз во градовите работи со намален распоред.
Многу повеќе од јасно е дека патувањето до и во рамките на Италија патувањата ќе бидат на „стенбај“ барем во наредните неколку недели. Италијанските лидери експлицитно рекоа дека ова ќе биде бавен и постепен процес и ќе зависи од здравствената состојба на пациентите, но и од луѓето дали ќе продолжат да ги почитуваат правилата.
И додека нема големи шанси за меѓународниот туризам летово, италијанските туристички бизниси се надеваат дека ќе биде можен домашен туризам. Лето без патувања на плажа е незамисливо во Италија, а сопствениците на приватни клубови на плажа и лидоа сега се обидуваат да најдат начини да го спроведат социјалното растојание на плажа со надеж дека ќе можат повторно да се отворат оваа сезона.
Но, „фаза 3“ се очекува да биде кога меѓународните патувања ќе бидат дозволени, акоја се очекува кон крајот на октомври, почетокот на ноември. Но, добрите познавачи на приликите во Италија тврдат дека ги очекува „лето без патување“.
„Втората фаза ќе трае долго време. Не смееме да мислиме дека можеме да се вратиме во нормалност во јули или август “, рече Алесандро Веспињани, експерт за епидемиологија и ширење на болеста, во телевизиско интервју во средата.
Ситуација не е ништо поразалична ниту во другите држави. Франција наговести дека оваа година нема да има сончање и пливање, а дел од хотелите на Корзика ги симнаа цените под 300 евра, само да привлечат турсити, иако се уште не се знае кога ќе бидат дигната рампите за странците. Сегашната забрана за патување надвор од Шенген-зоната во Европа ќе остане на сила се додека Италија не ги дигне рампите, најрано на 3 мај.
Ова е курс на одлука на ЕУ, не целосно во рамките на моќта на Италија. Сè уште не е познато колку долго ќе остане оваа забрана, но францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека може да биде до септември, а претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ги предупреди луѓето да не ги резервираат летните одмори.
И ако веќе со сигурност се знае дека Италија, Франција и Шпанија, европски дестинации број еден не размислуваат за отворање на туристичките капацитети пред септември, прашање е како ќе биде во нашето соседство.
Грција најави дека на 15 Мај ќе ги отвори границите со Македонија, дали и ние ќе го сториме тоа се уште не се знае, но не се надева многу оовогодишната туристичка сезона. Грците сметаат дека мај и јуни со сигурност ќе пропаднат, а во зависнот од тоа како ќе се движи бројот на заболени така ќе одлучуваат за целосно рехабилитација на секторот, но не пред втората половина на јули.
Албанија исто така најавува дека до септември нема да ги отвори туристичките капацитети и ограничување во движењето, како и социјално дистанцирање ќе има се до септември.
Хрватска исто така не знае кога ќе почне да ги прима првите гости, но тврди дека тоа нема да биде пред август.
За разлика од нив, Бугарија се подготвува за турситичката сезона, и исто како и Турција се едни од ретките земји во рехионот во кој може да си резервирате и уплатите одмор дури и на крајот на мај. Во Турција, во Бодрум, речиси и да нема слободен термин во периодот јуни – септември.
Како и да, размислете добро пред да се впуштите во авантурата за резервирање на одмор, ако, воопшто и го имате оваа година.
Н. Доковска