Постојат три начини на кои бебето би можело да подригне, а на вас и на вашето бебе е да го одберете оној што најмногу му одговара.
Подригнувањето на рамо ги дава најдобрите резултати кај поголемиот број на бебиња. Бебето треба да стои навалено на вашето рамо, со едната рака држрјќи го под газето, а со другата тапкајќи го по грпчето. На вашето рамо ставете памучна пелена за да ја заштитите облеката од бљуцкањето.
Придржувајќи го бебето за вратот држете го исправено во вашиот скут. Со другат рака придржувајте го неговиот граден кош држејќи ја под пазувите, а притоа главата треба да и е навалена наапред. Потапкајте ја по грбот водејќи сметка да не му падне главчето наназад.
Подригнувањето може да го подпомогнете и со тоа што ќе го легнете бебето на стомаче на вашата нога и лесно ќе го потапкате по грбчето.
Ал.Н.