недела, ноември 24, 2024
домаЖивотСоцијална политикаКолку се безбедни средствата за дезинфекција за децата?

Колку се безбедни средствата за дезинфекција за децата?

И за родителите и за децата е најбезбедно да ги мијат рацете со вода и сапун за да се заштитат од инфекција со коронавирус, но доколку сте надвор, следете го советот на педијатрите

Рацете на децата честопати завршуваат таму каде што не треба, во устата, на пример, и во ова време на епидемија на вирусот корона, треба да се грижите особено за тоа. Многу мајки се сомневаат како да ги заштитат рацете на своите бебиња додека се далеку од дома. Така се појави прашањето – дали е безбедно да се користат средства за дезинфекција на рацете на децата?

Миењето на рацете е најбезбедно
Педијатрите велат дека е многу побезбедно и поефикасно да се мијат рацете на бебето или детето со сапун и вода, отколку да се користи средство за дезинфекција. Но, ако сте надвор и сапун и вода не ви се достапни, а мора да ги исчистите рацете на вашето дете по завршувањето на играта, можете да ставите минимална количина на средства за дезинфекција. Сепак, ова да се слуува само ако средството за дезинфекција на рацете содржи најмалку 60 проценти алкохол! Некои средства за дезинфекција на рацете, означени како специјално за бебиња и мали деца, содржат помал процент на алкохол отколку што е потребно (или воопшто немаат алкохол) и затоа нема да бидат толку ефикасни во елиминација на вирусот на ковид 19

Средствата за дезинфекција имаат двојно повеќе алкохол од вискито
Експертите истакнуваат дека средства за дезинфекција на рацете кои можат ефикасно да го убијат коронавирусот содржат најмалку 60 проценти алкохол – околу двапати повеќе алкохол од вотка или виски. Затоа, секој родител треба внимателно да користи средства за дезинфекција на рацете на мало дете, бидејќи може да се случи детето да ја лиже течноста од рацете пред да се исуши или да го зграпчи целото шише и да го испие затоа што тие се често светло обоени.

Миењето е секогаш поефикасно
Дома, како што истакнуваат педијатрите, миењето на рацете со вода и сапун ќе го отстрани вирусот побезбедно и поефикасно од средството за дезинфекција. Но, ако сте надвор и вашето дете допре нешто (како квака или влезна врата од супермаркет) и сакате да му ги исчистите рацете, тешко дека дезинфекционото средство ќе предизвика штета доколку се користи во мали количини. Доволно е да користите количина со големина на зрно грашок и добро да го протриете средството за дезинфекција на рацете во кожата на детските раце додека не се исуши. Се разбира, неопходно е да се научи детето да не ги лиже рацете после тоа или едноставно да ставите ракавици на детето. Лекарите секогаш потенцираат дека редовното миење на рацете на детето со сапун и вода, за 20 секунди, е многу попосакувано од дезинфекцијата на рацете. Според нив, ова е најдобра опција за заштита од инфекција и за деца и за возрасни.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Чувајте ги шишињата за дезинфекција подалеку од дофат на деца

Средствата за дезинфекција на рацете често се пакуваат во помали, интересни шишиња, а течноста или гелот се во светли бои кои го привлекуваат вниманието на малите деца. Но, важно е вашето дете да не дојде во контакт со шишето за дезинфекција на рацете затоа што голтањето на повеќе од неколку гголтки од средството за дезинфекција на рацете може да предизвика труење со алкохол. Ако вашето дете лиже или проголта само мала количина средства за дезинфекција на рацете, не грижете се. Но, ако мислите дека испил неколку голтки, повикајте брза помош – особено ако забележите иритирани очи на детето, ако детето повраќа, ако има болки во стомакот или започнува да кашла. Ако вашето дете ја проголта целата содржина на шишето за дезинфекција на рацете и се сруши – тоа значи дека има потешкотии со дишењето или има напад. Веднаш повикајте брза помош!     Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ