среда, ноември 20, 2024
домаЖивотКолку сме подготвени да ги пуштиме децата во градинка?

Колку сме подготвени да ги пуштиме децата во градинка?

Најавата дека наскоро градинките ќе бидат отворени, иако се уште не се знаат протоколите и родителите ќе се стават пред свршен чин кога ќе се најави отворањето, не натера да направиме истражување колку родителите се подготвени да ги пуштат или запишат децата во градинка.

Анкетата ја правевме на Фејсбук и со директно праќање на прашалникот, по што добивме 420 одговора. Од нив 51,6 од испитаниците одговориле дека не се подготвени да ги пратат децата во градинка, додека 48,4  дека ќе ги пратат.

Оние кои се подготвени да го сторат тоа велат дека нема кој да им ги чува децата, а дека газдите инсистираат да се вратат на работа и еден мал процент не веруваат дека постои вирусот и не се плашат од зараза.

Оние родители пак кои не се подготвени да ги пратат децата во градинка не веруваат во системот на заштита и уште повеќе не веруваат во капацитетот на градинките и персоналот кој се грижи за нивните деца.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ