сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаКонцерт на „Фанк Шуи“ во Лабораториум

Концерт на „Фанк Шуи“ во Лабораториум

„Фанк Шуи“ (Funk Shui) ја одбележаа 2023та година со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб, итн.), како и издавање на долгоочекуваниот албум „Никогаш пак” на 31 март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар.

-По една година од издавањето на нивниот последен албум „Никогаш пак”, „Фанк Шуи“ со возбуда го најавуваат нивниот следен самостоен концерт во Скопје.
Концертот ќе се оддржи на 26 април на новата сцена во културно-едукативниот центар Лабораториум, со почеток во 21 часот – најавува бендот.

Билетите за концертот се во претпродажба од ПЕТОК (05.04) во 10 часот наутро, онлајн на www.ticketx.mk, како и во LAB Cafe.

„Фанк Шуи“ неодамна издадоа спот за песната „Никогаш пак”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ