сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаКонцерт на "Ris Flower" во Скопје

Концерт на “Ris Flower” во Скопје

По одличната мини-туреја низ Македонија, “Ris Flower” најавува рокенрол спектакл во срцето на Скопје. На концертот во среда, 8 јуни во Каза Бар во Дебар Маало, ќе бидат изведени досегашните авторски песни, како и промоција на нови, необјавени песни кои се дел од албумот кој се најавува за крајот на 2022 година.

На концертот, “Ris Flower” ќе биде придружуван од својот бенд составен од феноменалните музичари Џоле Максимовски,  Дино Милосављевиќ и Филип Пулески.

Концертот ќе го отвори групата „Поп Арт Бенд“ со свој настап. Почетокот е најавен за 20 часот, а влезот е слободен.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ