вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотКорона деноноќие: Италијанскиот премиер безуспешно бара европска помош

Корона деноноќие: Италијанскиот премиер безуспешно бара европска помош

Најдраматична состојба во однос на бројот на жртвите е во Италија, а потоа и во Шпанија. Голем број на заразени веќе има и во САД, тоа повеќе од 123.000. Состојбата е најзагрижувачка во Њујорк.
Во Италија биле заразени околу 92.500 луѓе, но бројот на починати ја надмина бројката од 10.000 лица. Кина е трета земја по број на заразени, со околу 81,000 и 3.300 мртви, додека Шпанија е на врвот, веднаш по Италија, со скоро 79.000 случаи на заразени и околу 6.500 мртви.

Според последниот извештај, вкупно 741 потврдени случаи на вирусот корона се регистрирани во Србија. Три лица починаа од вирусот во текот на последното деноноќие. Во Србија од денес, стапија во сила нови мерки, при што полицискиот час трае од 15 часа за време на викендите.

Во Шпанија, во последните 24 часа починале 838 луѓе, со што вкупниот број на жртви на корона вирусот се искачи на 6.528 лица. Бројот на заразени лица се зголеми од 72.284 на 78.797. Премиерот Педро Санчез синоќа најави дека сите работници кои не вршат основни работи ќе останат дома во наредните две недели.
Шпанија и Италија побараа поголема европска помош за борба против пандемијата, која се претвори во најтешка криза на континентот од Втората светска војна, пренесува АП.

Европа мора да ја покаже својата способност да одговори на кризата. Се борам до последната капка пот, до последниот грам енергија, за да добијам силен европски одговор – рече италијанскиот премиер Џузепе Конте во саботата навечер

Во Португалија утрово почина 14 годишно момче како резултал на инфекција од вирусот. Португалските медиуми објавија дека станува збор за најмладата жртва на вирусот на европско тло, но министерката за здравство Марта Темидо не сакаше да го потврди тоа.

Бројот на болни и починати исто така расте во регионот. Во Словенија е забележана 11-та жртва, во Хрватска шеста, а во Црна Гора втора.

Тажни вести доаѓаат и од САД каде почина едно дете.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ