Бројот на заразени со корона вирусот низ светот надмина два милиони, или 2.165.000. Од нив, повеќе од 1.475.000 случаи во моментов се активни, додека бројот на починати е над 144.000. Досега се излечиле скоро 546.000 луѓе.
Вирусот корона е раширен најмалку во 210 земји во светот и територии и на две меѓународни крстосувачи, според „Worldometers“.
Најмногу заразени има во САД – повеќе од 668.000 лица , по што следат Шпанија со повеќе од 182.816 и Италија со околу 169.000 пациенти. По нив на листата на „Worldometers“ е Франција со 165.000 заразени, Германија со повеќе од 135.549 и Велика Британија со околу 103.093 заразени. На седмото место е Кина, од каде потекнува вирусот – со околу 82.000 заразени
Исто така, најголеми смртни случаи брои Америка – повеќе од 34.000, по што следат Италија – околу 22.700 и Шпанија, со над 19.000 мртви.
Според последните податоци, вирусот корона е потврден кај уште 445 лица во Србија, со што вкупниот број заразени е 5.318. За жал, уште четири починале, додека вкупниот број на почината достигна до 99 лица. Осум нови случаи на инфекција со корона вирус се регистрирани и во геронтолошкиот центар во Ниш, а вкупно 151 лица се разболеле во установата.
Бројот на смртни случаи од корона вирус во болниците низ Велика Британија денес е зголемен за 861, што е најголемото дневно зголемување на смртните случаи во изминатите пет дена.
Швајцарската влада ќе започне постепено да ги олеснува ограничувањата што се воведени за борба против ширењето на вирусот корона од 27 април, беше објавено денес. Лекарите, фризерите, салоните за масажа и салоните за убавина ќе бидат први на кои ќе им биде дозволено да започнат со работа повторно. Основните училишта, продавниците и маркетите ќе започнат со работа на 11 мај, додека средните училишта, стручните училишта и универзитетите ќе започнат со работа во третата фаза која ке започне од 8 јуни. Во Чешка не се пријавени смртни случаи поврзани со пандемијата „Ковид-19“ во последните 24 часа, за прв пат од 23 март, соопшти чешкото Министерство за здравство.
Европа во моментов е во центарот на пандемијата „Ковид-19“, со број кој се приближува до еден милион, соопшти денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуж.
– Бројот на случаи во регионот продолжува да расте. Во изминатите десетина дена, бројот на случаи пријавени во Европа скоро двојно се зголеми на близу еден милион – рече Клуж.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денес испрати „извинување од дното на нејзиното срце“ до Италија затоа што земјата беше оставена сама на себе на почетокот на коронарната пандемија.
Во Шпанија починаа 551 луѓе во последните 24 часа, нешто повеќе од претходниот ден, кога бројот на починати беше 523.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика светските лидери да направат глобален прекин на огнот бидејќи кризата со вирусот продолжува, како и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш кој ги повика завојуваните држави да го прекинат огнот крајот на март.
Повеќе од 70 лица во Делхи се ставени во карантин, откако се покажа дека е разнесувач на пици е позитивен на вирусот „Ковид-19“.
Во Австралија, рестриктивните мерки за спречување на ширењето на вирусот корона ќе останат на сила најмалку четири недели, објави премиерот Скот Морисон.
Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 50 нови случаи на вирусот и засега се заразени 1.791 лице.
Н.С.