сабота, јули 27, 2024
домаЖивотКорона и во градинка во Тетово

Корона и во градинка во Тетово

Две воспитувачки од градинка, објект Тетекс во Тетово се евиденитирани како заболени од Ковид-19, а нивните групи со деца и колешките се во изолација дома.

Директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“ Рамије Даути вели дека двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи кои не покажале симптоми.

–Нема поголеми проблеми. Тоа не е болест која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолирана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри, изјави Рамије Даути.

Во објектите на ОЈУДГ „Младост” во Тетово според протоколите за работа во услови на пандемија со Ковид-19 овозможено е згрижување на 200, а по започнувањето со работа беа дојдени 98 деца.

Според информациите на Министерството за здравство тетовскиот регион досега брои вкупно 1387 дијагностицирани со Ковид-19 од кои активно болни се 168 луѓе. Вкупно се оздравени 1134 лица, а има и вкупно 85 смртни случаи поради Ковид-19.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ