Двајцата пациенти кои денеска беа тестирани за коронавирус се негативни, додека за третото лице резултатот ќе се знае за кусо време.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утрово заседавал Кризниот штаб и дека на попладневниот состанок ќе одлучат дали групите на патници кои доаѓаат од Италија, заклучно со денешниот лет од Венеција, како и во наредните денови, ќе бидат под целосен надзор ако има медицинска оправданост.
Владата им наложи на сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, врз основа на препораките на Кризниот штаб. Владата им препорачува на граѓаните да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.
Денеска во Грција официјално е потврден првиот случај на лице заразено со коронавирус, станува збор за пациент од Солун. А.Р.