вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотДве нови жртви на корона вирусот кај нас, вкупниот број на заразени...

Две нови жртви на корона вирусот кај нас, вкупниот број на заразени е 259 лица

Министерот Венко Филипче на редовната прес конференција информира дека во последните 24 часа починале уште две лица,маж на 90 годишна возраст и еден пациент на 31 годишна возраст, со што бројот на починати се искачи на 6 лица. Бројот на дијагностицирани лица за последниве 24 часа е 18 ново заразени, со што вкупниот број на зарзени се искачи на 259 лица. Стабилна е состојбата на сите други пациенти. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здrавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот Венко Филипче на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови новозаболените се од: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1.

Филипче информира и дека двајца од пациентите на клиника веќе имаат и втор негативен тест, а други пет ќе се тестираат утре по втор пат. И по овие тестови ќе се одлучи како ќе се третираат.

Во однос на случајот со починатата пациентка од Струга, министерот информира дека уште утре директорката на Охридската болница ќе биде разрешена, а во текот на утрешниот дел ќе се одлучува за одговорноста на другите доктори.

Следнава недела се отвораат уште 2 пункта за тестирање во Скопје и уште 2 во другите градови во државата. Во Скопје ќе бидат во Чаир и во поликлиниката Млин Балкан. Системот на закажување ќе биде ист како и до сега со јавување кај матичниот доктор.

„Влегуваме во втората недела и пред нас е најтешкиот период, ќе расте бројот на заболени и бројот на починати… Денеска имаме млад починат, што говори дека вирусот не бира…“ кажа министерот Венко Филипче и повика на почитување на владините мерки, потенцирајќи дека добро е што сега за сега имаме линеарно зголемување на заразата.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ