среда, ноември 20, 2024
домаЖивотКороната ги затвори луѓето, но ги врати животните во шумите

Короната ги затвори луѓето, но ги врати животните во шумите

Во Бугарија мечка шетала под манастирот Рила, заедно со своите младенчиња. Појавата на животното, што е заштитен вид, излегува дека е позитивен знак за природата во областа.

„Јас бев еден километар под манастирот Рила кога ги видов мајката и нејзините мечки. Таа само излезе на патот и го премина. Тогаш малите дојдоа и се искачија на ридот “, рече Марио Богоев, вработен во паркот на природата во манастирот Рила, пренесува Нова.бг

Рајна Пашова, која исто така е дел од тимот на паркот, објасни дека мечката е индкаторен вид. „Тоа покажува дека природата околу е чиста. „За нас, појавата на животното и можноста да се фотографираме,  значи токму тоа – дека природниот парк на манастирот Рила е територија чиста и богата со биодиверзитет“, рече таа.
Излегува дека појавата на мечката крај патот не треба да не плаши. Фотографираното животно е од единствениот вид пронајден во Бугарија – кафеава мечка. „Таа е доволно интелигентно животно со исклучително чувство за мирис и слух. Кога чувствува човечко присуство, таа бега “, рече Пашова.

Слична случка минатат недела имало на потегот меѓу селото Нимфеон и центарот за заштита на кафеавата мечка во Грција. Мечката со три мечиња се движела о регионалниот пат. Жителите на Нимфеон раскажуваат дека по многу години повторно се појавуваат и шетаат кафеавите мечки во нивната околина. Тоа го поврзуваат со намаленото движење на луѓе и автомобили во последниов период, а какопоследица на мерките за движење кои беа на сила и во Грција. И, секако и на чистиот воздух кој е последица на затворањето дома.

Како и да е, појавата на кафеавата мечка во блиските шуми е индикатор дека корона вирусот ги врати животните каде што припаѓаат – во шумата!

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ