понеделник, јуни 17, 2024
домаКОВАКС започнува со испорака на вакцини „Фајзер“

КОВАКС започнува со испорака на вакцини „Фајзер“

Околу 14,1 милиони дози вакцини против Ковид-19 направени од „Фајзер“ и „БиоНТек“ се закажани за испорака во 47 земји во вториот квартал од оваа година, објави денеска алијансата за вакцини „ГАВИ“.

Според објавениот распоред, Бразил, Колумбија, Мексико, Филипини, Јужна Африка и Украина ќе добијат најмногу од овие вакцини од глобалната програма КОВАКС.

Испораките на вакцината на „Астра Зенека“ до 142 земји учеснички во програмата се одвиваат според претходно објавениот распоред „со некои одложувања“ што може да ги помести испораките после мај, се вели во соопштението. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ