домаЖивотЖивотна срединаКривична одговорност за загадувањето на Крива река бара градоначалникот на Крива Паланка

Кривична одговорност за загадувањето на Крива река бара градоначалникот на Крива Паланка

Кривична одговорност за еколошката катастрофа и загадувањето на Крива Река кое го предизвика компанијата која рудари во областа, побара денеска на прес конференција градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. 

Митовски презентираше извештај на акредитираната лабораторија „Технолаб“ од Скопје по примероци од водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот Тораница, и како што посочи, според извештајот водата е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето.

– Извештајот по направеното тестирање на квалитетот на водата во Крива Река покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратно зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината на олово присутно во водата. Дополнително за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот, рече Митовски.

Тој вели дека не е само водата загадена туку и почвата, а преку храната отровите и тешките метали ќе стигнат и на трпезата на жителите. Смирува дека водата за пиење од градскиот водовод се уште не е во опасност, но најави дека општината ќе бара кривична одговорност за загадувањето по повеќе основи, истакнувајќи дека ќе ги преземе сите активности во нејзина надлежност за што побрза санација од хаваријата, а ќе побара помош и од централната власт. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ