четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаКривична за лице кое не почитувало самоизолација и заразило повеќемина со коронавирус

Кривична за лице кое не почитувало самоизолација и заразило повеќемина со коронавирус

МВР до ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Ф.К. кое наместо да се придружува до прописите за заштита од ширењето на коронавирусот, спротивно на сите законски мерки и препораки слободно се движело, остварувало средби и заразило повеќемина, притоа придонесувајќи за ширење на епидемијата, соопшти денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

На 8 март осомничениот влегол во земјата на преминот Табановце и иако бил обрвзан да биде во самоизлоација 14 дена,за што и потпишал документ, спротивно на одлуките донесени од владата го прекршил кривичниот законик , а остварувал средби со родителите, со пријателката, но и со вработените во фирмата. Дополнително, во полициска станица Карпош тој изјавил дека не патувал и дал лажен исказ, посочи Петровска.

Таа додаде дека е недозволиво поединци да го изигруваат законот, а бидејќи има сознанија дека дозволите за работа во ноќна смена се злоупотребуваат, доколку тоа се утври полицијатаа ќе постапи крајно рестриктивно и ќе се преземат сите мерки  -притвор, гонење за кривично дело и лишување од слобода на сите прекршители. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ