сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаЛегендарните „Вајтснејк“ со прошталната турнеја во Скопје

Легендарните „Вајтснејк“ со прошталната турнеја во Скопје

Скопје е дел од прошталната турнеја на „Вајтснејк“ со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот, најави Авалон продукција.

Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот Дејвид Ковердејл одлучи во 2022 година да стави крај на „Вајтснејк“. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен.

Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња- Coverdale, заедно со „Вајтснејк“, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации.

„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните „Вајтснејк“што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас.

“Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”- рече Ковердејл по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории: ПАРТЕР: 1.500 денари, ФАН ПИТ: 2.000 денари.

-Големите одат со стил, а концертот на „Вајтснејк“ е нешто што не смеете да го пропуштите во Скопје за последен пат, порачуваат организаторите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ