Новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго, која секоја година настапува на Канео фест, оваа година на сцена ја изведе песната “Љубовта е закон”. Автори се текстописецот Цане Трајчевски и композиторот и аранжер Здравко Остојиќ.
„Повторно случајна но преубава песна, снимена во вторник во скромни технички услови кај Здравко. Но, несомнено со голем авторски квалитет. Јас не сум пејачка, туку само изведувачка на сцена, и оттука моите песни и не би имале значење ако немаат јасна порака. Овој пак пораката е-жената е рамноправна во љубовта со мажот! – вели Валентина Ѓоргиевска Парго за песната што ја изведе на последниот КАНЕО ФЕСТ и продолжува: „Мојот текстописец Цане Трајчевски напишал текст кој го отсликува мојот пркосен женски карактер. Но, композиторот најдобро ја опиша пораката, со зборовите – Љубовта е закон – Македо-итало интернационале диско-денс хип-хоп. Баш е супер спој! Песнава можеби на прв поглед делува, но никако не е егоцентрична, туку исклучително храбра. Правена е специјано и ти прилега 100%, како што се вели во англиската изрека, совршено како ракавица на рака. Ептен е шмекерска, со огромен хитовски карактер и незаборавен личен печат. Всушност, песнава зборува во една преносна смисла и со доза на сатиричност, за проблемот на машката егоцентричност и свесноста за женската вредност. Освен тоа што остава силен впечаток и од прво слушање влегува во уши, во својата суштина носи значајна порака за почитување на правата на жените, дека и за мажот и за жената подеднакво – Љубовта е закон! Никој не е создаден да биде над љубовта, туку дека сите треба да го почитуваат законот на љубовта!“
