Мандатарот Зоран Заев на прес конференцијата пред поднесување на предлог листата на министри до Собранието, рече:
„Македонските граѓани ќе добијат стабилна и ефикасна влада. Членството во НАТО и ЕУ, добрите меѓусоседски односи, внатрешна кохезија, справување со коронавирусот, нова енергија, и создавање економски развој, образование и ефикасна правда, се приоритетите на оваа влада. Со мене се денеска 19 министри, сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред, дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро, ќе побараме од секој вас уште поголемо учество за подобра иднина. Ајде сите заедно да го направиме секое населено место подобра средина за живеење“, рече Заев.
Заев се очекува денеска да го поднесе предлогот за формирање на новата Влада до Собранието. Владата ќе брои 19 министри, со што се скратени 7 министерства. Според предлогот на мандаторот, СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност. Покрај Заев како премиер, за членови на владата се предложени и: Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.
Предизборниот коалициски партнер на СДСМ, БЕСА го доби министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе го води Аријанит Хоџа, додека Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата влада.
Од ДУИ ќе има шест минситри и тоа: Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. За министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ е предложен Јетон Шаќири.
Во новата Влада ќе има 6 жени министертки и сите доаѓаат од редовите на СДСМ.
Н.Д.
🔴[Во живо:] Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Зоран Заев пред Собрание
Публикувахте от СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија в Сряда, 26 август 2020 г.

